ВИДЕО: Без да остави можност за сомнежи, Ердоган ја прими првата доза на кинеска вакцина против ковид-19

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прими првата доза на вакцина против 19 19, објави Анадолија.

Тој се вакцинираше во Градската болница во главниот град на Турција, Анкара, со кинеската вакцина „Коронавак“.

„И јас се вакцинирав“, рече Ердоган на својот профил што вчера го активираше на социјалната мрежа „Телеграм“.

Едроган се погрижи и да ги засени сомнежите на „антиваксерите“.  На видеото споделено и на „Твитер“ јасно се гледа дека тој навистина ја прима инјекцијата.

Сепак претседателот на Турција не е првиот што ја прими кинеската вакцина. Вчера прв се вакцинираше турскиот министер за здравство Фахретин Коца.

Здравствените работници во Турција утрово започнаа со масовна вакцинација на населението.

Министерството за здравство на Турција соопшти дека планира да вакцинира 1,1 милиони здравствени работници во земјата до крајот на месецот. Досега се вакцинирани повеќе од 200.000 медицински работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот