ВИДЕО: Бешикташ ги казни грешките на Шкупи

Шкупи убедливо поразен од Бешикташ на „Водафон Парк“ стадионот во Истанбул/Фото: facebook.com/Besiktas/

Денеска во пријателски натпревар македонскиот прволигаш Шкупи загуби убедливо во Истанбул од Бешикташ со резултат 3:0. На стадионот „Водафон Парк“ стадионот Турците ги постигнаа првите два голови во првото полувреме, а третиот во вториот дел.

Топал во 12 минута донесе предност после изведен корнер, голманот на Шкупи Наумовски имаше погрешна проценка и топката заврши во мрежата.

Во 17 минута не беше најдобро отстранета опасноста, Наумовски за момент одбрани, одбиената топка дојде до Бразилецот Тешеира и се погрижи за зголемување на позитивата.

Конечниот епилог беше поставен во 50 минута кога одбраната на Шкупи буквално ја подаде топката до противникот и преку Јалчин стрелаше за 3:0.

Клубот од Чаир ја користи репрезентативната пауза за одигрување на тест мечеви пред следните мечеви Првата лига каде што моментно е лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот