ВИДЕО | Бер Грилс му понудил чоколадо на Зеленски, телохранителите мислеле дека сака да го отруе

Фото јутуб

Познатиот авантурист Бер Грилс за време на неговата посета на Украина ла се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за време на средбата му понудил чоколадо, пишува британски Телеграф.

Грилс му дал чоколатце на Зеленски за да го „скрши мразот“ за време на нивниот прв состанок минатата година – но обезбедувањето брзо реагирало, стравувајќи претседателот да не биде отруен.

– Го разбрав тоа – изјави Грилс во понеделникот за британската телевизија додека разговараше за неговиот нов документарен филм на Канал 4 „Бер Грилс се среќава со претседателот Зеленски“.

Бер Грилс делел храна со други светски лидери, вклучително и парчиња лосос што ги уловил со поранешниот американски претседател Барак Обама во дивината на Алјаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот