ВИДЕО | Бензема промаши ама сеирот „падна“ на Винисиус – каде тргна Бразилецот?

Фото: Screenshot

Реал Мадрид вчера за првпат не победи, а трагичар беше Карим Бензема.„Кралевите“ одиграа само 1:1 против Осасуна и така и дозволија на Барселона да ја преземе првата позиција во Ла Лига.

На десетина минути пред крајот на натпреварот „кралевите“ имаа голема прилика да стигант до трите бода – добија пенал. Одговорноста за најстрогата казна ја презема Карим Бензема, но Французинот промаши.

Интересно е што овој негов пенал е трет промашен против голманот на Осасуна Серхио Ерера. Меѓутоа не се најде само Бензема во центарот на вниманието во оваа ситуација, мета на потсмев е и Бразилецот Винисиус Жуниор.

Винисиус очигледно има голема доверба во Бензема и неговите квалитети, па уште пред Французинот да го изведе пеналот тргна да се израдува.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот