ВИДЕО: Бензема повторно спасител на „кралевите“

epa09072386 Real Madrid's striker Karim Benzema (L) celebrates after scoring the 1-1 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and Elche CF held at Alfredo Di Stefano stadium, in Madrid, central Spain, 13 March 2021. EPA-EFE/Kiko Huesca

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Елче со 2:1 во 27. коло во Ла Лига и го продолжија трендот од оваа сезона, да се мачат со екипите во долниот дел од табелата.
Првото полувреме заврши без голови, а единствената шанса ја имаше Карим Бензема чиј шут заврши покрај голот на гостите.

Во 61. минута фудбалерите на Елче ги „шокираа“ фудбалерите на Реал Мадрид, Калво беше највисок во скокот по одлично изведениот корнер и со глава го совлада Тибо Куртоа.
Во тој момент, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се одлучи на дури три измени, во игра влегоа Модриќ, Родриго и Крос со што се забрза играта на Реал и тоа брзо даде резултат.
Токму по нафрлањето на Модриќ, Карим Бензема во 73. минута донесе израмнување, а истиот фудбалер во 91. минута го постигна победничкиот гол со кој Реал остана на третото место на табелата со 56. бода, шест помалку од лидерот Атлетико Мадрид и еден помалку од Барселона која има и натпревар повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот