ВИДЕО: Бензема го чува Реал Мадрид на врвот во „Ла Лига“

Карим Бензема блеска во Шпанија, „кралевите“ продолжуваат победнички/Мадрид, Шпанија/1 декември 2021/Фото: EPA-EFE/Javier Lizon

„Кралскиот“ клуб ја продолжува победничката серија во најквалитетната шпанска лига, вечерва на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ со 1:0 беше подобар од Атлетик Билбао.

Единствениот погодок за Реал Мадрид беше реализиран во 40 минута преку Карим Бензема. За Французинот ова беше 12 гол сезонава во „Ла Лига“ за вкупно 11 триумф на неговата екипа.

Гостите можеа да го избегнат поразот, во второто полувреме имаа многу повеќе шанси, но не дојдоа ниту до израмнување.

На табелата води Реал со 36 бодови, седум повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид кој има меч помалку, додека Атлетик Билбао после третиот пораз е на осмата позиција со 20 бодови.

Во следното коло играчите на тренерот Карло Анчелоти ќе играат на гостински терен против Реал Сосиедад, а составот на Марселино ќе оди кај Хетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот