16.8 C
Скопје

ВИДЕО | Бенкси продава негова слика на аукција во која херои се медицинските лица: Целата сума ќе биде донира

Уметникот Бенкси се надева дека ќе собере повеќе од три милиони фунти за британската Национална здравствена служба (NHS) со лицитација на неговoто уметничко дело, кое мистериозно се појавило во холот на болницата на ургентениот центар во Саутемптон на почетокот на пандемијата со кое му оддадоа почит на медицинскиот персонал.

Делото наречено „Game Changer“, со големина од еден квадратен метар, покажува момче кое игра со неговиот омилен суперхерој, кукла во форма на медицинска сестра, додека суперхероите Спајдермен и Бетмен се фрлени во корпа за отпадоци.

Сликата се појави во болницата за време на првиот бран на пандемијата ковид – 19, со порака: „Ви благодарам за сè што правите. Се надевам дека ова мое дело барем малку ќе го разубави ова место, иако е претежно во црна и бела боја“, им се заблагодарил авторот на негов оригинален начин.

Бенкси сега го продава оригиналното дело на аукција за да собере средства за британскиот NHS, а репродукцијата на делото ќе остане во болницата.

Сликата се проценува дека вреди помеѓу 2,5 и 3,5 милиони фунти.

Поврзани вести

Почина актерот Нед Бити

Слободен печат

ВИДЕО | Томас Маркл ја обвини Опра Винфри: Таа ги искористи Меган и Хари за да создаде ново популарно шоу

Слободен печат

Дали по стапките на Џенифер Лопез и Џоли се врати во прегратките на старата љубов? Анџелина и Џони Ли Милер се старо – новиот холивудски пар

Слободен печат

Воспаление на срцевиот мускул кај помлади мажи од мРНА вакцините почесто од очекуваното

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 14 јуни: Имате повеќе идеи отколку време, треба подобро да се организирате

Слободен Печат

Виц на денот: Рефреш

Слободен печат

Остави Коментар