(ВИДЕО) Бендот „Харакири“ објави спот за првиот сингл „Спротивниот крај“

Пред да тргнат на својата прва регионална турнеја, каде ќе настапат како поддршка на „Луфтанза“, младиот скопски бенд „Харакири“ објави спот за својот прв сингл од деби ЕП-то „Харакири“.
Бендот „Харакири“ е формиран во 2022 година како трио од Скопје. Членови на бендот се Андреј Димовски – гитара и вокал, Марко Печеновиќ – бас и вокал, и Виктор Стојановски – тапани.
Музиката што ја создаваат се движи во границите на алтернативниот рок. Првиот сингл што го објавија на Јутјуб е со наслов „Спротивниот крај“, а спотот е снимен на улиците во населбата Карпош 1 во Скопје.
Во рамките на турнејата со „Луфтанза“ заедно ќе настапат во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Суботица и Загреб од 25 до 30 март.
Своето деби ЕП, кое содржи четири песни, „Харакири“ ќе го објават на 20 април на Бендкемп.