ВИДЕО | Белоруски затвореник си го пресече грлото во судница: Ако не признаам, ќе тргнат по мојата фамилија

Фото: Принтскрин

Белоруски затвореник уапсен во протестите минатата година се обидел да си го пресече грлото за време на судско рочиште во Минск во вторникот, откако му било речено дека неговото семејство и соседите се соочуваат со кривична постапк доколку не се изјасни како виновен, јавија белоруските медиуми.

На снимката на Радио Слобода се гледа како Степан Латипов лежи на дрвена клупа во затворенички кафез, а полицајците стојат над него, додека набљудувачите врескаат.

Пред да се пресече, тој наводно рекол: „Тато, ми рекоа дека ако не ја признаам вината, ќе тргнат по мојата фамилија и соседите!“ Тоа покрај снимката го напишал амбасадорот на Украина во Австрија.

На друга снимка се гледа како Латипов го однеле до итната помош со крвави дамки на кошулата.

Локалните медиуми и групата за човекови права Виасна-96 рекле дека тој се уште е жив, пренесува Ројтерс.

„Белорускиот активист, политичкиот затвореник Степан Латипов си го пресече грлото денеска во судница“, напишала на Твитер прогонувата опозициска лидерка, Светлана Тихановскаја.

Како што рекла, на него му се заканувале дека ќе ја прогонуваат неговата фамилија ако не ја признае вината.

„Ова е резултат на државен терор, репресија и мачење во Белорусија. Мораме тоа веднаш да го запреме“, апелираше таа.

Тој беше обвинет за организирање на нереди, пружање на отпор на полицијата и измами, а исто така на државна телевизија беше обвинет за планирање на труење на полицајци, дела кои тој ги негира дека ги направил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот