ВИДЕО: Белград го пречека Ѓоковиќ со огномет

epa08972275 Novak Djokovic of Serbia receives an Aboriginal carving during the 'A Day at the Drive' tennis event at Memorial Drive Tennis Centre in Adelaide, Australia, 29 January 2021. EPA-EFE/KELLY BARNES AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград каде заедно со своите фанови го прослави историското остварување, највеќе недели на првото место на АТП ранг листата.
Ѓоковиќ денеска ја започна 311 недела на првото место со што го надмина рекордот на Рожер Федерер кој 310 недели беше лидер на АТП ранг листата. Поради тоа, пред ресторанот „Новак“ во Нов Белград беше организиран дочек за српскиот тенисер. Неколку стотици фанови се собраа пред ресторанот, а беше организиран и музички настап. Пристигнувањето на Ѓоковиќ беше одбележано и со огномет, по што тенисерот им се обрати на своите фанови.

– Денеска е посебен ден за мене и моето семејство но и за Србија. Ви благодарам за успехот кој не е само мој туку и ваш. Јас тоа најдобро го сфатив пред десет години кога без посебно импресиониран од дочекот по победата на Вимблдон кога прв пат станав број 1 – им рече Ѓоковиќ на своите фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот