ВИДЕО: Белгиски уметник создал софтвер кој посочува кои политичари се на своите телефони за време на владините седници

флемиш скролерс1
Фото: Принтскрин / Twitter

Еден белгиски уметник смислил генијален начин за „фаќање на лоши политичари“ – автоматски обележувајќи ги оние кои ги користат своите телефони на работа.

Дигиталниот уметник Дрис Депуртер создал софтвер кој ги следи дневните преноси во живо на „Јутјуб“ од фламанските владини состаноци.

Неговиот софтвер пронаоѓа телефони на снимката и препознава лица кои подоцна ги идентификува, а со тоа и открива кои политичари ги користат своите мобилни телефони за време на седниците.

Видеата од несовесните законодавци потоа се објавуваат на официјалните профили на „The Flemish Scrollers“ на социјалната мрежа „Твитер“ и „Инстаграм“ со опис во кој самиот софтвер ги обележува политичарите и ги замолува да останат фокусирани.

Идејата зад овој проект ја „потсети“ јавноста за случајот кој се случи пред повеќе од две години кога фламанскиот министер Јан Џамбон предизвика жестоки реакции во јавноста откако беше „фатен“ дека игра „Angry Birds“ за време на дискусија.

Секако дека повеќето од нас ги провериле лефоните за време на состанок. Некогаш од итност, некогаш од забава. Затоа софтверот отвори прашања, бидејќи не може со сигурност да се знае што одреден политичар прави за време на седницата на неговиот мобилен телефон, дали можеби станува збор за итен случај поврзан со работа или пак, од забава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот