ВИДЕО | Белгија сигурна: Лукаку му посвети гол на Ериксен: „Крис, те сакам“!

Фото: EPA-EFE/Anatoly Maltsev

Заврши и вториот ден на Европското првенство, се комплетираше и второто коло во групата „Б“ каде што репрезентацијата на Белгија убедливо во Санкт Петербург со 3:0 ја совлада Русија.

На тој начин избраниците на селекторот Роберто Мартинез најавија дека ќе бидат во сериозна трка не само за пласман во нокаут-фазата, туку и за шампионската титула на континенталниот собир.

Гол-серијата ја стартуваше Лукаку во 10 минута после асистенцијата на Мертенс, а истиот погодок напаѓачот му го посвети на неговиот соиграч од Интер, Данецот Кристијан Ериксен кој денеска на дуелот против Финска се сруши на теренот и лекарите веднаш започнаа со негово оживување.

Подоцна од УЕФА соопштија дека Ериксен е во стабилна состојба, исто така и Лукаку знаеше за страшните моменти кои се случуваа во Копенхаген, и неговиот погодок го посвети токму на Ериксен и со зборовите пред една од камерите: „Крис, те сакам“!

Вториот гол на Белгијците се случи во 34 минута преку Муние, а истиот играч асистираше во третиот гол, стрелец уште еднаш беше Лукаку кој потврди дека е во одлична форма.

По завршувањето на првото коло Белгија и Финска имаат по три бода, во следното коло Белгијците во Копенхаген ќе се соочат со Данците од 18.00 часот на 17 јуни, а еден ден порано Финска за ривал ја има Русија во Санкт Петербург од 15.00 часот.

Ужас на ЕВРО 2020: Ериксен се бори за живот, прекин во Копенхаген!

ВИДЕО: Данските и финските навивачи заедно скандираа „Кристијан Ериксен“!

ВИДЕО: Шок на стартот за Данците, Финска на дебито испиша историја!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот