ВИДЕО: Бегство од затвор во Мексико како на филм

Затвор во Мексико
Чувар на затвор во Мексико/ Фото EPA-EFE/Miguel Sierra

Во еден од најдраматичните напади досега во Мексико, група криминалци со неколку возила упаднале во затвор во централно Мексико и побегнале со девет затвореници, соопштија локалните власти, пренесува АП.

Официјални лица од државата Идалго, северно од Мексико Сити, изјавија дека во нападот што се случи синоќа, двајца полицајци се повредени.

Државната полиција соопшти дека војници, полицајци и припадници на Националната гарда тргнале во потрага по избеганите затвореници. Полицијата не ја идентификуваше целосно вооружената банда која учествуваше во бегството од затвор.

Државниот секретар за внатрешни работи Сајмон Варгас изјави дека „во затворот влегла вооружена група со неколку возила, а во близина на затворот биле запалени две возила како дел од операција на криминална група, како одвраќање“.

Локалните медиуми објавија дека запалените автомобили биле пронајдени во градот Тула по нападот.

Употребата на автомобили-бомби од страна на банди во Мексико беше исклучително ретка, а во еден таков напад во градот Сиудад Хуарез на северната граница во 2010 година биле убиени три лица.

Но, бандите во Мексико често палат возила за да го одвлечат вниманието на полицијата, а запалените возила може да изгледаат како да експлодираат кога пламенот ќе стигне до нивните резервоари со бензин.

Тула е и седиште на голема рафинерија за нафта, а областа е „богата“ со банди крадци кои дупчат нелегални чешми во цевководи во државна сопственост за да вадат бензин и дизел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот