ВИДЕО: Батлер го остави Мајами во живот, ќе се игра мајсторка во финалето на Истокот

Џими Батлер го одигра најдобриот натпревар во кариерата кога беше најпотребно/ фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Кошаркарите на Мајами хит благодарение на Џими Батлер успеаја да слават со 111:103 над Бостон селтикс во финалето на Источната конференција и успеа да се избори за мајсторка која ќе го даде патникот во големото финале каде ги чека Голден Стејт вориорс.

Мајами се наоѓаше на работ на бездната, губеше со 2:3 во победи и шестиот натпревар го играше во Бостон, но Џими Батлер го одигра најдобриот натпревар сезонава и тоа кога беше најпотребно.


Батлер постигна рекордни во плеј-оф натпреварите 47 поени, од кои 17 даде во последната четвртина со што му донесе победа на Мајами ѝ и овозможи на својата екипа домашните фанови да го игра решавашкиот седми натпревар.

Во редовите на Бостон најдобар беше Џејсон Тејтум со 30 постигнати поени.
Одлучувачкиот седми натпревар ќе се игра во ноќта помеѓу недела и понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот