ВИДЕО | Барзов: Мантрата на целата политичка елита во Европа и светот е да се намалат емисиите на ЦО2

Крумислав Мишко Барзов / Утрински брифинг

Барселона ќе биде на програма на почетокот на месецов, бидејќи во организација на Авто бест жирито имаме и Еко бест челинџ, кој е свртен кон новите технологии и новите автомобили – електричните, изјави за „Утрински брифинг“, Крумислав Мишко Барзов.

Мантрата на целата политичка елита во Европа и светот е да се намалат емисиите на ЦО2, лошиот ефект на согорувањето.

Но, сега автомобилската индустрија под притисок на политиката се наоѓа на една раскрсница на која треба да се фати следниот смер за развој на еколошките погони.

Проблемот е што автомобилската индустрија насила е фрлена во приказната за електрификацијата и тоа е политичка одлука.

Сите водечки луѓе на автомобилската индустрија изјавуваат дека е инзвонредно тешко да се стигне до еколошките норми кои се наметнати по политички пат, додава Барзов.

Целиот разговор проследете го во видеото во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот