ВИДЕО | Барселона ја победи Севиља за „плус осум“ на врвот во Ла Лига

Барселона вечерва го искористи киксот на Реал Мадрид против Мајорка и победувајќи ја Севиља со 0:3 направи предност од осум бода во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата.
Победата Каталонците ја обезбедија во вториот дел кога беа постигнати сите три гола. Првиот дел не донесе премногу атрактивен и возбудлив фудбал. Имаше Барселона иницијатива и ја контролираше играта, но сериозно се закани само на двапати и во двете ситуации во главна улога беше Левандовски.
Отпорот на Севиља конечно беше скршен во 57-та минута, Алба го постигна својот прв гол сезонава и донесе предност. Посебен беше моментот во 70-тата минута кога Гави се запиша во листата на стрелци. Овој гол за младиот Шпанец беше прв со „6-ката“ на грбот, број кој во Барселона пред него го носеше сегашниот тренер на Каталонците, Чави Ернандез.
Конечните 3:0 ги постави Рафиња. Во следниот натпревар Барселона ќе се соочи со незгодниот Виљареал, а Севиља оди на Мајорка.