ВИДЕО: Барселона го освои „Копа дел Реј“, Меси прогласен за МВП!

epa09142344 FC Barcelona's striker Lionel Messi (R) receives from Spain's King Felipe VI (L) the champions trophy following the Spanish King's Cup 2021 final soccer match between FC Barcelona and Athletic Bilbao held at La Cartuja Stadium, in Seville, southern Spain, 17 April 2021. EPA-EFE/Julio Munoz

Денеска во финалето на „Копа дел Реј“ за сезоната 2020/2021 Барселона со убедлив резултат 4:0 триумфираше на теренот во Севиља против Атлетик Билбао.

Сите погодоци на каталонскиот гигант беа реализирани во второто полувреме, гол серијата ја започна Гризман во 60 минута. Само 180 секунди подоцна де Јонг ја зголеми предност, а двапати во листата на стрелците се запиша Меси во 68 и 72 минута.

За Атлетик Билбао ова беше второ финале за 14 дена во истото натпреварување, и на дуелот (за сезоната 2019/2020) на 3 април играчите на Марселино загубија со 0:1 од Реал Сосиедад.

Каталонците по 31 пат го освојуваат ова натпреварување, а Атлетик Билбао останува на втората позиција на вечната листа со 23 трофеи. Меси беше прогласен за МВП (најкорисен играч во финалниот меч), Аргентинецот уште еднаш докажа дека е мајстор на фудбалската игра.

Тренерот Роналд Куман го освои својот прв трофеј како тренер на каталонскиот клуб во чиј дрес како играч еднаш дојде до титулата во Кралскиот куп, во 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот