ВИДЕО: Барселона е во криза, не може да го победи ниту Кадиз

epa09028106 Cadiz's players celebrate during the Spanish La Liga soccer match held between FC Barcelona and Cadiz CF at the Camp Nou stadium in Barcelona, Spain, 21 February 2021. EPA-EFE/Toni Albir

Резултатската криза во Барселона продолжува и во Ла Лига каде одигра само 1:1 против екипата на Кадиз.
Тренерот Роналд Куман се одлучи натпреварот да го започне со истиот тим со кој настапи против ПСЖ кога доживеа убедлив пораз (1:4), но и тоа не помогна да се победи тимот на Кадиз кој олекувано се одлучи на дефанзивна тактика.

Гостите имаа само еден удар гон голот на Тер Штеген и од него постигнаа гол, додека каталонците упатија повеќе од 20 шута.
Во првото полувреме, доминантната игра на Барселона беше крунисана со голот на Лионел Меси од пенал, откако во шеснаесетникот беше соборен Педри.
Интересно е што Барселона во првото полувреме постигна уште два гола но тие беа поништени поради офсајд.
Каталонците без победата останаа поради глупоста на Клемен Ленгле кој во 88. минута во сопствениот шеснаесетник го собори Сорбино по што сигурен реализатор на пеналот бепе Фернандес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот