ВИДЕО: Барса во финалето на Кралскиот куп го чека Енис Барди!

Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Денеска на „Камп Ноу“ се одигра реванш натпреварот од полуфиналето во „Копа дел Реј“ во кој Барселона славеше со 3:0 против Севиља.

На првиот меч Севиља обезбеди предност од 2:0, но истата на вечерашниот дуел беше анулирана. Во регуларните 90 минути за продолженија се погрижија Дембеле и Пике, а во текот на мечот Севиља не реализираше пенал преку Окампос во 73 минута.

Херој на каталонскиот клуб беше Брајтвајт кој ја затресе противничката мрежа во 95 минута од првото продолжение.

Противник на Барса во големото финале на 17 април ќе биде победникот од втората полуфинална пресметка помеѓу Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди и Атлетик Билбао. Реваншот помеѓу овие два тима е в четврток (4 март), а првата пресметка во Билбао заврши нерешено 1:1.

Во истото натпреварување на 3 април е финалето од минатата сезона (2019/2020) помеѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. Истото беше одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот