ВИДЕО: Барса со убедлив триумф го најави „Ел Класико“ во Мадрид

Пјер-Емерик Обамејанг еден од стрелците во победата на каталонскиот гигант/Барселона, Шпанија/13 март 2022/Фото: EPA-EFE/QUIQUE GARCIA

Фудбалерите на Барселона вечерва победија како домаќини над Осасуна со 4:0 во 28 коло од шпанската „Ла Лига“.

Стрелци за каталонскиот гигант беа Феран Торес од пенал во 14 и 21 минута, Пјер Емерик Обамејанг во 27 и Рики Пуиг во 75 минута.

Барса која го запиша третиот триумф по ред, моментно е третопласирана на табелата со 51 бод, а Осасуна е на 11 позиција со 35 бодови. Водечки е Реал Мадрид со 63, пред Севиља со 56 бодови.

Во следното коло играчите на тренерот Чави ќе му гостуваат на Реал Мадрид во традиционалното „Ел Класико“ на 20 март, а Осасуна ќе го пречека Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Бетис го совлада Атлетик Билбао со 1:0, со истиот резултат Реал Сосиедад беше подобар од Алавес, а Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски одигра 1:1 проитв Севиља.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот