ВИДЕО: Барса со кош во последната секунда до финале во Евролигата!

epa09234355 Players of FC Barcelona celebrate after winning the EuroLeague basketball semifinal match between FC Barcelona and AX Armani Exchange Milan in Cologne, Germany, 28 May 2021. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Денеска се одиграа полуфиналните натпревари во Евролигата на Фајнал-фор турнирот во Келн (Германија), за шампионската титула ќе играат Анадолу Ефес и Барселона.

Во првото полуфинале Анадолу Ефес со 89:86 триумфираше над ЦСКА Москва, за турскиот претставник ова е второ финале по ред, во 2019 година загубија токму од рускиот претставник.

Кај победниците Мициќ реализираше 25 поени (шест асистенции), еден помалку на спротивната страна запиша Клајбурн (седум асистенции).

Доста интересно беше и во второто полуфинале, Барселона со 84:82 славеше против Олимпиа Милано. Во последниот напад на каталонскиот гигант во последната секунда решавачките поени ги реализираше Американецот Хигинс.

Кај Барса доминираа Миротиќ со 21 поен (шест скокови) и Калатес со 17 поени (шест асистенции), а за Италијанците Пантер беше најрасположен со 23 поени.

В недела (30 мај) од 17.30 часот ЦСКА Москва и Олимпиа Милано ќе играат за третото место, а за шампионскиот пехар од 20.30 часот екипите на Анадолу Ефес и Барселона.

Барселона последен пат го освои елитното натпреварување во сезоната 2009/2010.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот