ВИДЕО: Барса сигурна против Осасуна, фантастична асистенција на Лео Меси!

Фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Вечерва на стадионот „Ел Садар“ во Памплова екипата на Барселона ја оправда фаворитската улога против тимот на Осасуна (0:2) во рамките од 26 коло во шпанската „Ла Лига“.

Стрелци на головите беа Алба во 30 минута и Мориба во 86 минута. И во двете акции на гостите асистент беше една од главните ѕвезди во составот на Куман, Лео Меси, особено вреди да се погледне неговата асистенција при првиот погодок.

Аргентинецот асистираш и во самиот финиш од мечот, младиот Мориба го постигна првиот гол во сениорска конкуренција за клубот.

На табелата каталонскиот гигант е на втората позиција со 56 бодови, два помалку од водечкиот Атлетико Мадрид, со напомена дека „јорганџиите“ имаат два меча помалку.

В недела играчите на тренерот Диего Симеоне на домашен терен ќе ги одмерат силите против Реал Мадрид во градското дерби. „Кралевите“ се третопласирани во генералниот пласман со 53 бодови. Се одиграа уште три меча од оваа рунда: Ваљадолид-Хетафе 2:1, Елче-Севиља 2:1 и Кадиз-Еибар 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот