ВИДЕО: Барса не успеа со играч повеќе да ја победи Севиља

Севиља во второто полувреме играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Кунде/Севиља, Шпанија/21 декември 2021/Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Фудбалерите на Севиља и Барселона ремизираа во заостанат натпревар од четвртото коло во шпанската „Ла Лига“ со резултат 1:1.

Во 22 минута домаќините постигнаа гол преку Рафа Мир, но истиот беше поништен поради офсајд. Десет минути подоцна Ракитиќ одлично центрираше од корнер, топката дојде до Папу Гомез кој успеа да ја затресе мрежата на Тер Штеген.

Каталонците успеаја да израмнат во самиот финиш од првото полувреме, Дембеле од прекин го пронајде Араујо кој со глава ја затресе мрежата на Севиља.

Во 64 минута домаќините останаа со еден играч помалку поради црвениот картон на Кунде кој со топка намерно го удри Жорди Алба. Домаќините успеаја да издржат со еден играч помалку и на крајот стигнаа до реми.

Во истата рунда Виљареал пред своите навивачи убедливо со 5:2 славеше над Алавес. Кај домаќините по двапати во листата на стрелците се запишаа Диа и Морано, а еднаш Пино, додека на спротивната страна по еден погодок запишаа Понс и Жозелу.

Ла Лига, 4. коло (заостанати натпревари)

Вторник, резултати –

Севиља – Барселона 1:1
Виљареал – Алавес 5:2

Табела: Реал Мадрид 43 бодови, Севиља 38, Бетис 33, Рајо Ваљекано 30, Атлетико Мадрид 29, Реал Сосиедад 29, Барселона 28, Валенсија 28, Виљареал 25…

Видео на денот