ВИДЕО: Барса конечно малку живна, мајсторија на Депај против Виљареал

Барселона ја запиша втората победа по ред во шпанската „Ла Лига“/Виљареал, Шпанија/27 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Веќе четврти натпревар каталонскиот гигат не знае за пораз во најсилното шпанско првенство што секако е убава вест за навивачите на овој клуб.

Вечерва во 15 коло од „Ла Лига“ играчите предводени од тренерот Чави триумфираа на гостувањето кај Виљареал со 1:3.

Тоа е втора победа по ред за екипата од „Камп Ноу“ за моментно седмо место со 23 бодови, додека Виљареал после четвртиот пораз е на 12 позиција со 16 бодови.

Мируваа мрежите во првото полувреме, а на стартот од второто предност за Барселона донесе де Јонг.

Израмни Чуквуезе во 76 минута, па на сцена стапи Депај (88`) со прекрасен гол за враќање на позитивата на гостите, а конечниот епилог го постави Кутињо (90+4`).

Се одигра уште еден меч од оваа рунда, без голови (0:0) играа Мајорка и Хетафе, додека Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски ремизираше против Валенсија (1:1).

Видео на денот