ВИДЕО: Барса без грешка, „Старата дама“ блескаше во Будимпешта!

Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi HUNGARY OUT

Вечерва и официјално заврши третото коло во преостанатите четири групи од Лигата на шампионите, Барселона ја забележа и третата победа по ред, на домашен терен со 2:1 славеше против Динамо Киев.

Во рамките од групата „Г“ каталонскиот гигант ја продолжува успешната серија на добри резултати, уште во петтата минута на „Камп Ноу“ Меси стрелаше за водство од пенал.

Во 65 минута после асистенцијата на Фати за зголемување на предноста се погрижи Пике, а Циганков само го ублажи поразот на Укранците.


Во истата група Јувентус стигна до вториот триумф, со 1:4 во Будимпешта ја оправда фаворитската улога против Ференцварош.

Првите два гола за „Старата дама“ беа дело на Мората, потоа во 73 минута во листата на стрелците се запиша и Дибала, а автогол си постигна Двали.

Домаќините единствениот погодок го реализираа во 90 минута кога мрежата на Шчесни ја затресе интернационалецот од Брегот на слоновата коска, Боли.

ВИДЕО: Историски триумф за Башакшехир, Демба Ба знае како против Јунајтед!

Лига на шампиони

3. коло, резултати –

Група „Е“

Челси-Рен 3:0
Севиља-Краснодар 3:2

Табела: Челси 7 бодови, Севиља 7, Краснодар 1, Рен 1.

Група „Ф“

Зенит-Лацио 1:1
Клуб Бриж-Борусија Дортмунд 0:3

Табела: Борусија Дортмунд 6 бодови, Лацио 5, Клуб Бриж 4, Зенит 1.

Група „Г“

Барселона-Динамо Киев 2:1
Ференцварош-Јувентус 1:4

Табела: Барселона 9 бодови, Јувентус 6, Динамо Киев 1, Ференцварош 1.

Група „Х“

Башакшехир-Манчестер јунајтед 2:1
Лајпциг-ПСЖ 3:2

Табела: Манчестер јунајтед 6 бодови, Лајпциг 6, ПСЖ 3, Башакшехир 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот