ВИДЕО: Барди стрелаше против водечкиот Атлетико Мадрид!

Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

После првото полувреме на заостанатиот натпревар од второто коло во шпанската „Ла Лига“ помеѓу екипите на Леванте и Атлетико Мадрид резултатот е 1:1.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стартер во домашниот состав и во 17 минута донесе водство за неговиот тим после асистенцијата на де Фрутос.

Израмнувањето се случи во 37 минута од средбата на теренот во Валенсија со погодокот на Љоренте по додавањето на Коке.

За нашиот играч ова е прв гол сезонава во шампионатот во 14 настап за Леванте.

На видео записот можете да го погледнете голот на Барди:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот