ВИДЕО: Барди со подобра оценка од тројца германски репрезентативци

енис барди
Енис Барди, еден од клучните играчи на македонската репрезентација/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Енис Барди ја носеше капитенската лента во Ереван за македонската А репрезентација во триумфот над Ерменија за важни три бода во квалификациите за СП 2022.

Играчот на Леванте блескаше со три голови, запишувајќи хет-трик со кој престигна двајца поранешни репрезентативци на вечната листа најдобри стрелци во нашата А селекција.

Сите веруваме и се надеваме дека 26-годишниот играч за врска во нападот ќе има нови слични перформанси и во следните репрезентативни настапи.

В недела Македонија ја очекува меч против Исланд против кој ќе брка победа за пласман во мундијалскиот бараж.

И странските, особено шпанските медиуми се импресионирани од новите одлични игри на Барди кој доби највисока оценка и од тројца германски репрезентативци.

Барди според „ФотМоб“ после квалификациските мечеви одиграни во четвртокот доби највисока оценка 9,80, пред Марко Ројс (Германија 9,232), Александр Јерохин (Русија 9,31), Лерој Сане (Германија 9,30) и Томас Милер (Германија 9,15).

ФОТО: Хет-трикот на Барди го продолжи мундијалскиот сон на Македонија 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот