ВИДЕО: Барди со асистенција во триумфот на Леванте против Рајо Ваљекано

Леванте со победа ја заврши сезоната во „Ла Лига“/Мадрид, Шпанија/20 мај 2022/Фото: EPA-EFE/Miguel Oses

Во последното 38 коло од најсилното шпанско првенство составот на Леванте славеше на гостувањето кај Рајо Ваљекано со 2:4.

За домаќините македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од клупата за резерви го гледаше мечот во Мадрид, шанса доби неговиот тимски колега Лука Зидан.

Во првиот дела водеше Рајо со голот на Гарсија од 18 минута, потоа следува пресвртот на играчите на Лисци.

Израмни Мелеро во 26 минута, Марти во 44 се погрижи за 1:2, а Мелеро го реализираше и својот втор гол на дуелот непосредно пред паузата по асистенцијата на Енис Барди. Нашиот играч ја заврши сезоната со три асистенции.

Гвардиола намали од пенал во 61 минута, а конечниот епилог го постави Коке во 76 минута.

Леванте „доцна се разбуди“ кога беше во прашање опстанокот, на последните пет натпревари од „Ла Лига“ запиша три победи, едно реми и пораз, но тоа не беше доволно, ја освои претпоследната 19 позиција со 35 бодови и во следната сезона ќе игра во понизок ранг („Сегунда“).

Вечерва се одигра уште еден, шампионот Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ ремизираше без голови со Бетис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот