ВИДЕО: Барди и Леванте слават полуфинале во Кралскиот куп!

Енис Барди пред одлука дали да продолжи со Леванте/Фото: EPA-EFE/Salvador Sas

Вечерва на стадионот во Валенсија триумф на Леванте во четвртфиналето на „Копа дел Реј“ во кое го елиминираше Виљареал со 1:0 после продолженијата.

Фактите велат дека за Леванте ова е прво полуфинале во ова натпреварување во 80 години.

Мируваа мрежите во регуларните 90 минути, а голот се случи непосредно пред завршувањето на второто продолжение (120+1`), го реализираше Рожер после асистенцијата на Моралес.

Кај домаќините целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди кој во 25 минута доби жолт картон.

Претходно Севиља ја елиминираше Алмерија (0:1), а останатите учесници во полуфиналето на Кралскиот куп ќе се дознаат после одигрувањето на мечевите Гранада-Барселона и Бетис-Атлетик Билбао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот