ВИДЕО: Барди и Леванте ги уништија шампионските соништа на Барса!?

Французинот повторно во дресот на „јорганџиите“/Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Вечерва на натпреварот од 36 коло во најсилното шпанско првенство во Валенсија составот на Барселона одигра нерешено 3:3 против Леванте.

После првото полувреме водеше каталонскиот гигант со погодоците на Меси во 25 и 34 минута. Во вториот дел за период од 120 секунди Леванте успеа да израмни преку Мелеро и Моралес.

Кај домаќините македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стартер и настапи до 61 минута од Д. Гомез при резултат 2:2.

Дембеле ја врати предноста на гостите во 64 минута, а конечниот епилог го поставо Леон во 83 минута после асистенцијата на Тоно.

На табелата останува првопласиран Атлетико Мадрид со 77 бодови, „јорганџиите“ својот меч ќе го имаат в среда на домашен терен против Реал Сосиедад.

На втората позиција е Барса со 76 бодови, следува Реал Мадрид со 765, а Севиља е четвртопласирана (71). Во среда Севиља ќе ја пречека Валенсија, а в четврток „кралевите“ гостуваат кај Гранада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот