ВИДЕО | Балканот воодушевен од евровизиската песна „Молитва“ во изведба на корејска група: Марија Шерифовиќ им посака победа

instagram- youtube/printscreen
instagram- youtube/printscreen

На социјалните мрежи се појави видео од корејски музички натпревар на кое четири млади вокали ја изведуваат евровизиската „Молитва“ од тогашната српска претставничка Марија Шерифовиќ.

Шерифовиќ, со оваа песна ѝ донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Бројни балкански ѕвезди активно ја споделуваа изведбата на корејската група, а една од нив секако беше Марија Шерифовиќ која ги сподели на својот инстаграм – профил, воодушевена од изведбата.

„Ви посакувам сè најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Во објавата Шерифовиќ напомена дека ова е најдобрата изведба на нејзината песна со прекрасна порака упатена кон талентираните корејски натпреварувачи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот