ВИДЕО | „Балкан бенд“ со промоција на најскапиот музички проект во последните 10 години – слушнете ја „А бре, Македонче“

балкан бенд
Балкан Бенд / Фото: Промо

Во средата во ресторанот „Ragusa 360 – Rooftop“ се одржа промоција на уште една во низата народни песни кои ќе го обединат македонскиот народ.

Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко парче што ќе остане за навек, како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески.

Домаќин на вечерта беше легендарниот Игор Џамбазов, кој со своето присуство ѝ даде посебна нота на целата промоција.

Момците од „Балкан бенд“ на промоцијата со огромно задоволство открија дека ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во последните 10-на години.

„Ова што го гледате и слушате вечерва како финален производ, го подготвувавме од 2018-та година и сме пресреќни што конечно ја споделуваме со вас „А бре, Македонче“ и горди сме што ѝ оставаме еден траен белег на Македонија“, изјавија момците од „Балкан бенд“.

На промоцијата на „А бре, Македонче“, почит им оддадоа многу познати имиња од македонскиот шоу бизнис. Водители, пејачи, медиуми, инфлуенсери, беа само дел од публиката на промовирањето на „А бре, Македонче“, во срцето на Скопје.

Реакциите за спотот и песната се и повеќе од одлични, а доказ за тоа се и бројот на прегледи на Јутјуб. За само неколку часа повеќе од 15.000 корисници го прегледале видеото.

 

*Комерцијален текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот