ВИДЕО | Бајрами: Ја освоивме куп титулата, Македонија ЃП имаше одлична сезона

бајрами
фото: ФФМ

Македонија Ѓорче Петров е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија откако по пеналите беше подобар од Силекс со 4:3.

Во регуларниот дел и во продолженијата немаше голови, немаше ниту шанси, во тврд натпревар во кој Македонија ЃП го имаше поседот, а Силекс шансата на мечот во регуларниот дел.

Христијан Стевковски е херојот на „лавовите“ откако одбрани зицер во регуларниот дел, а потоа и одбрани два пенали во пенал серијата.

За тренерот на „лавовите“ од Ѓорче Петров, Муарем Бајрами ова беше прво финале како тренер, двапати го има освоено пехарот како играч, а еве сега успеа и како шеф на стручен штаб.

– Заслужено го освоивме пехарот, финалето беше тешко, Силекс се покажа како многу добар ривал. Противникот добро се бранеше и сакаше преку своите контри да дојде до нашиот гол. Можеби ова не беа нашите најдобри перформанси, но голема беше важноста, и затоа не можевме да бидеме на потребното ниво. Им честитам на моите играчи, тимот имаше одлична сезона. Најдобри сме во Купот, сега одиме во Европа. Воедно голема благодарност до навивачите што ни ја дадоа поддршката и им возвративме со куп титула – рече Бајрами.

Македонија ЃП ќе ја претставува нашата земја ова лето во квалификациите за Лигата на конференции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот