ВИДЕО | Бајден со ново правило за Американците: Вакцинирајте се или носете маска

Американскиот претседател Џо Бајден со маска/ Фото: EPA-EFE/MELINA MARA / POOL

Американците кои ги примиле двете дози од вакцината против коронавирус можат да престанат да носат маски и на отворено и на затворено, објави Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува Дејли мејл.

Според новите правила, маските и понатаму треба да се носат на затворени места со голем број на луѓе како болници, затвори, автобуси и авиони.

– Секој што е целосно вакциниран може да учествува во активности надвор или внатре, поголеми или помали, без физичко растојание – најави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски, за време на брифингот во Белата куќа.

Објавата доаѓа во време кога администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се соочуваше со притисок да ги ублажи ограничувачките мерки за целосно вакцинираните лица, оние кои имале најмалку две недели од последната доза во обид да ги истакнат придобивките од вакцинацијата.

„Правилото сега е просто: Вакцинирајте се или носете маска додека не го направите тоа. Изборот е ваш“, напиша Бајден на официјалниот претседателски Твитер налог.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот