ВИДЕО | Бајден: Се надевам дека Трамп ќе присуствува на инаугурацијата, одлуката зависи од него

Доналд Трамп и Џо Бајден/ Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден рече дека се надева оти Доналд Трамп ќе присуствува на неговата инаугурација на 20 јануари „за да им даде пример на другите нации каква е демократијата во САД”, но и да покаже мирно предавање на власта на политичкиот ривал.

Администрацијата на Трамп изрази скептицизам во врска со идејата сегашниот претседател на САД да биде на инаугурацијата на 20 јануари. Трамп и натаму вели дека „победил”, истакнувајќи дека станува збор за изборна кражба.

– Одлуката зависи од него. Нема лични последици за мене, но мислам дека е важно за државата да присуствува. Одбивањето да се признае поразот се случува во режими управувани од мали диктатори, рече Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот