ВИДЕО: Бајден падна на бина на дипломска свеченост, овој пат изгледаше сериозно

Фото: Твитер / принтскрин

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се сопна и падна на бина пред стотици луѓе и вклучени камери, откако ја врачи последната диплома на свеченоста во Академијата на воздухопловните сили на САД.

Осумдесетгодишниот претседател со помош на тројца луѓе успеа брзо да стане на едното колено, по што се врати на местото без помош.

Фото: Твитер / принтскрин

Додека питомците и офицерите му помагаа на Бајден да се крене на нозе, тој се сврте и изгледаше како да покажува на што се сопнал.

Директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт на Твитер објави дека претседателот не се повредил при падот, кој изгледаше најсериозно од неколкуте слични инциденти во кои Бајден ја губеше рамнотежата и паѓаше во јавност.

ВИДЕО | Драма на скалите на „Ер форс уан“: Бајден падна, и тоа трипати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот