22 C
Скопје

ВИДЕО: Бајден и првата дама ги повикаа Американците да се вакцинираат

Претседателот на САД, Џо Бајден, и правата дама, Џил Бајден, ги повикаа Американците да се вакцинираат против ковид-19 за успешна борба со пандемијата. 

-Ги споделуваме зборовите на  римскиот папа Франциск, кој кажа дека вакцинацијата е морален долг што може да го спасе нашиот живот и животите на другите, изјави снноќа Бајден во видео обраќање на Твитер по повод католички Велигден. 

-Со вакцинирање, и убрзување на вакцинацијата во вашите црковни заедници и општини, ние не само што ќе го победиме вирусот, туку исто така може да дојдеме до тој ден кога одбележувањето на празниците ќе го правиме заедно, изјави тој. 

Како што вакцинацијата се убрзува, Бајден викендов вети дека од 19 април, 90 отсто од Американците ќе имаат пристап до блиски места за вакцинаација, не подалеку од осум километри од нивните места на живеење. 

Поврзани вести

Бектеши – Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на економијата

Слободен печат

Скопје очекува од ЕУ потврда на европските вредности и да го испорача ветеното

Слободен печат

Белгиски земјоделец „по грешка“ ја поместил границата со Франција

Слободен Печат

Бесими – Јановски: Потпишан повеќегодишен Договор за грант од УСАИД, 8,2 милиона долари во првата година

Слободен печат

ДКСК: Најмногу пријави за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

Слободен печат

Заев за средбата Пендаровски – Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Слободен печат

Остави Коментар