ВИДЕО: Бајден: Го испративме Бин Ладен до вратите на пеколот, време е нашите трупи да се вратат дома

Џозеф Бајден/ фото: ЕПА

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека американските војници ќе почнат да се повлекуваат од Авганистан на 1 мај, а процесот ќе заврши пред 11 септември.

– САД го почнуваат своето конечно повлекување на 1 мај оваа година. Нема да брзаме. Ќе го направиме тоа одговорно, со намера и безбедно и во целосна координација со нашите сојузници и партнери, кои сега имаат повеќе сили во Авганистан од нас, рече Бајден.

Тој додаде дека за својата одлука разговарал со поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш.

-Го испративме Осама бин Ладен до вратите на пекол. Време е американските трупи да се вратат дома, рекол тој за време на обраќањето на нацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот