ВИДЕО| Бајден: Добивме над 74 милиони гласови, повеќе од кога било за претседателски билет во историјата на САД

Џо Бајден / 29 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден имаше обраќање во кое нагласи дека иако „се уште немаме конечна потврда за победа, броењето на гласовите низ САД ни укажува за јасна и убедлива приказна: Ќе победиме во оваа трка.

Бајден ги добива 270-те изборни гласови потребни за да го порази претседателот Доналд Трамп, според проекциите на АП, со критичните Мичиген и Висконсин кои сега одат во прилог на поранешниот потпретседател.

Бајден во моментов е во водство во клучните држави Пенсилванија, Џорџија и Невада, каде продолжи пребројувањето на гласовите.

– Погледнете ги броевите на национално ниво. Ќе ја добиеме оваа трка со јасно мнозинство од нацијата зад нас, рече Бајден.

– Добивме над 74 милиони гласови…Тоа е повеќе од кога било за претседателски билет во историјата на САД… Никогаш не заборавајте дека тоа не се само бројки. Тие претставуваат гласови и гласачи, мажи и жени кои го искористија своето фундаментално право да им се чуе гласот, нагласи Бајден.

При обраќањето до него беше сенаторот Камала Харис.

– Она што станува се појасно во секој час е дека рекорден број Американци од сите раси, вери, религии избраа промени. Тие ни дадоа мандат за акција за Ковид-19, економија, климатски промени, системскиот расизам. Тие јасно го ставија тоа до знаење. Тие сакаат земјата да се обедини, а не да се распаѓа. Луѓето зборуваа.

Бајден рече дека знае дека „тензиите се високи“. Според него, тие можат да бидат високи и по тешките избори.

– Треба да запомнеме да останеме смирени и да дозволиме процесот да се одвива.Демократијата работи. Вашиот глас ќе биде преброен. Не ми е гајле колку луѓето тешко се обидуваат да го спречат тоа. Јас нема да дозволам тоа да се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот