Помина вториот ден како Џо Бајден ја презема функцијата претседател на Америка, а новиот шеф на Белата куќа веќе има полни раце работа. Веднаш после полагањето на заклетвата тој почна со потпишување на наредби со кои поништува клучни одредби на својот претходник Доналд Трамп.
Секој ден од јануари на масата на Бајден ќе се пронајде нова тема со која тој ќе биде зафатен, но спринтот за уништување на наследството на Трамп ќе трае во првите 100 дена од неговото владеење за кои тој според најавениот план ќе се потруди Американците да заборават дека Трамп воопшто бил во Белата куќа.
Само неколку часа после инаугурацијата во средата Бајден потпиша 15 претседателски укази и две наредби за федералните агенции. Најважните меѓу нив се запирање на процесот на повлекување од Светската здравствена организација и повторно приклучување на Парискиот климатски договор.
Со еден потег Бајден ја поништи забраната за влез во Америка за граѓаните од земји со мнозинство муслимански жители и ја запре изградбата на ѕид долж границата со Мексико. Тој исто така потпиша и указ за задолжително носење на заштитни маски на јавен имот, за гаранција на расна рамноправност, како и фокусирање на Медикед, државна и сојузна програма која ги плаќа трошоците за лекување за лица со ниски примања меѓу 19 и 64 години.
Во средата на дневен ред беше борбата против пандемијата на коронавирусот, па Бајден веќе потпиша повеќе од 10 наредби на таа тема, меѓу кои се и оние за носење на маски во јавен превоз и авиони. Бајден планира да потпише и наредби за формирање на ковид одделение за тестирање, за да се зголеми бројот на тестови.
Овој петок ќе биде посветен на економијата, што ги вклучува Медикед и осигурувањето во случај на невработеност. Темите за следната недела ќе бидат „купуваме американско“, здравствена заштита, климатски промени и мграција. Во февруари тој ќе се фокусира на она што во календарот е запишано како „враќање на Америка на местото кое и припаѓа во светот“.
До 30 април Бајден планира да ги убеди Американците да носат маски, 100 милиони граѓани да бидат вакцинирани, повеќето училишта отворени, а помошта од 1,9 билиони долари да биде усвоена.
Бајден ќе биде зафатен со оваа долга листа на обвврски додека во Конгресот ќе се води судење за отповикување на неговиот претходник.