ВИДЕО: Баерн со победа над „милионерите“ дојде до десеттата титула по ред во Бундеслигата

Баерн Минхен продолжува да доминира во Бундеслигата/ фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Фудбалерите на Баерн Минхен со победата во големото дерби „Класикер“ против Борусија Дортмунд од 3:1 ја обезбедија шампионската титула на три кола пред крајот на сезоната.

Баварците во 31 коло пред своите гледачи на „Алијанц арената“ дојдоа до петтата победа по ред во Бундеслигата и на Борусија и избегаа на недостижни 12 бода предност на три кола до крајот.

Ова значи десетта шампионска титула во Бундеслигата за фудбалерите на Баерн Минхен и станаа првиот тим во најсилните пет европски лиги со вакви постигнување. Баварскиот тим е рекордер по бројот на освоени титули во Бундеслигата со 32 „салатари“, додека далеку зад нив се двете Борусии – Дортмунд и Менхенгладбах кои имаат по пет титули, додека Вердер има четири.

Баварците доминираа на „Алијанц арената“ имаа 59 отсто посед на топката, имаа двојно повеќе шутеви кон голот (13-7) и тројно повеќе удари во рамките на голот (6-2), а имаа и речеси 200 додавања повеќе (530-350) од противникот.


Таквата иницијатива вроди со плод во 15 минута кога Сержж Гнабри со одличен шут од 16 метри го отвори резултатот. Роберт Левандовски во 33 минута зголеми на 2:0 во првиот дел.

Во второто полувреме, „милионерите“ заиграа поофанзивно и Емре Џан во 52 минута од пенал намали на 2:1. Потоа Борусија имаше уште неколку шанси да дојде до израмнување, пред се преку Ерлинг Халанд, но немаше промена на резултатот. Конечниот резултат го постави Џамал Мусиала во 83 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот