ВИДЕО: Баерн рутински го реши Волфсбург

Баварците ја оправдаа фаворитската улога против Волфсбург/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Баерн Минхен славеа со 2:0 против Волфсбург со 2:0 во второто коло од Бундеслигата.

Шампионот по две кола има максимален учинок, исто како и Борусија Дортмунд, додека Волфсбург има само еден освоен бод и се наоѓа на 15 место на табелата.

Баварците уште во првото полувреме го решија прашањето за победникот. Баер поведе во 33 минута откако долгата акција со гол ја круниса Џамал ​​Мусијала и тоа со удар од дваесетина метри.

Конечниот резултат го постави Томас Милер во 44. минута кој го промени правецот на топката по шутот на Кимих.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот