ВИДЕО: Баерн Минхен во голем стил им се врати на победите во Бундеслигата

Садио Мане, најголемата сенегалска фудбалска ѕвезда/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

После четири натпревари по ред без триумф, баварскиот гигант по подолг период повторно им донесе радост на своите верни навивачи.

Вечерва во првиот натпревар од осмото коло во најсилното германско првенство составот на Баерн Минхен со 4:0 го совлада Баер Леверкузен.

Сите дилеми околу победникот на оваа средба беа решени уште во првото полувреме кога во листата на стрелците се запишаа Сане, Мусиала и Мане.

Конечниот епилог беше поставем во 84 минута преку Милер. Претходно Мане во 56 минута постигна гол, но истиот поради прекршок беше поништен.

На бундеслигашката табела после третата победа сезонава составот на Јулијан Нагелсман е на втората позиција со 15 бодови, два помалку од водечкиот Унион Берлин кој својот меч ќе го има в сабота на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт. Баер Леверкузен е на 16 место со пет 5 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот