ВИДЕО: Баерн Минхен во дербито покажа кој е газда во Бундеслигата

Шампионот Баерн славеше со убедливи 1:5 во дербито против Баер Леверкузен/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудбалерите на Баерн МИнхен ја забележаа шестата победа во Бундеслигата оваа сезона и уште еднаш покажаа кој се прашува за сè во Германија.

Во дербито на осмото коло во Бундеслигата, Баерн како гостин со 1:5 го совлада Баер Леверкузен , а се беше решено уште во првите 40 минути кога баварците поведоа со дури 0:5.

Баерн поведе уште во четвртата минута со голот на Роберт Левандовски кој во 30. минута го постигна и вториот гол.

Но, тоа беше само почетокот на проблемите на „фармацевтите“ бидејќи во 34 минута Баерн поведе со 0:3 преку Томас Милер, а една минута подоцна Серж Гнабри погоди на 0:4.  Петтиот гол на Баерн беше Серж Гнабри, по што Баер Леверкузен во вториот дел успеа да постигне само почесен гол и тоа преку Патрик Шик.

Баерн со убедливиот триумф се врати на првото место на табелата со 19 бодови, еден повеќе од Борусија Дортмунд, додека Баер Леверкузен е третопласиран со 16 освоени бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот