ВИДЕО: Баерн Минхен ја задржа предноста против Волфсбург!

Фото: EPA-EFE/ADAM PRETTY/POOL

Фудбалерите на Баерн го совладаа на гостински терен Волфсбург со 2:3 во еден од дерби натпреварите на 29 коло во Бундеслигата.

Баварскиот гигант немаше ниту малку лесна задача против третопласираната екипа во најсилното германско првенство. Тимот на Ханси Флик поведе во 15 минута со голот на Мусиала, а во 24 позитивата ја зголеми Чупо-Мотинг.

Кога изгледаше дека лидерот на табелата рутински ќе дојде до нови три бода, домаќинот намали во 35 минута со голот на Венгхорст. Но, до крајот на првиот дел гостите постигнаа уште еден гол, кога стрелец беше повторно Мусиала овојпат во 37 минута.

Волфсбург намали на 3:2 во 54 минута со погодокот на Филип, по што не се менуваше повеќе резултатот. Така, Баерн го искористи вчерашното реми на Лајпциг и ја зголеми бодовната предност на врвот на табелата на пет кола до крајот на сезоната.

Младиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов настапи од 59 минута за Штутгарт во гостинскиот пораз кај Унион Берлин (2:1). Во другите мечеви: Аугсбург-Арминија 0:0, Менхенгладбах-Ајнтрахт 4:0 и Фрајбург-Шалке 4:0. Табела: Баерн 68 бодови, Лајпциг 61, Волфсбург 54, Ајнтрахт 53, Дортмунд 46, Леверкузен 44…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот