ВИДЕО: Баерн имаше негатива од 0:2 и 1:3, на крајот освои бод!

Фото: EPA-EFE/ADAM PRETTY/POOL

Актуелниот германски шампион вечерва во 21 коло од Бундеслигата изненадувачки на домашен терен одигра само реми (3:3) против екипата на Арминија Билефилд.

Гостите водеа после првото полувреме со головите на Влап и Пиепер кој реализираа во деветтата, односно 37 минута од средбата.

На стартот од вториот дел Баерн Минхен успеа да намали преку Левандовски (48`), но само 60 секунди подоцна тимот на Нојхаус повторно имаше два голови разлика после погодокот на Гебауер.

Не се предаваше составот на Флик, па до крајот извлече бод, најпрвин намали Толисо во 57 минута, а конечниот епилог го постави Дејвис (70`). Баварците спречија пораз, но е прекината нивната серија која траеше пет победи по ред.

И покрај четвртото реми сезонава во најсилното германско првенство, Баерн останува на врвот со 49 бодови, пет повеќе од второпласираниот Лајпциг. Арминија пак останува да се бори за опстанок, моментно е на 16 место со 18 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот