ВИДЕО: Баерн им се врати на победите во Бундеслигата

Ерик Максим Чупо-Мотинг на „радарот“ на Манчестер јунајтед/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Актуелниот германски, европски и светски шампион Баерн Минхен по двата натпревари во Бундеслигата на кои доживеа пораз и едно реми, денеска им се врати на победите и тоа на убедлив начин. Баварците со 5:1 го совладаа Келн во 23. коло од Бундеслигата. Чупо-Мотинг го отвори резултатот во 10. минута, а на 2:0 во 33. минута зголеми Роберт Левандовски.
Гостите се заканија на стартот од второто полувреме со голот на Шкири, но тоа беше се што направија. Левандовски во 65. минута зголеми на 3:1, а победата ја завери Серж Гнабри со два гола.


Излез од резултатската криза најави и Борусија Дортмунд која дојде до втората победа во ред во Бундеслигата, откако со 3:0 славеше над Арминија. Сите голови беа постигнати во второто полувреме, водството го донесе Дауд во 48. минута. Десет минути подоцна Санчо зголеми на 2:0,а во финишот Реиние го постави конечниот резултат.


Шалке со една нога е во втората лигата откако денеска доживеа нов пораз, овој пат со 5:1 од Штутгарт. Сите дилеми беа решени во првите 30. минути кога „швабите“ веќе имаа водство од 3:0. Едно постигна два гола, а третиот беше дело на Калајџиќ. Шалке намали преку Колашинац, но во финишот Клемен и Дидави постигнаа голови за убедлив триумф.

Резултати:
Баерн – Келн 5:1
Штутгарт – Шалке 5:1
Борусија Д. – Арминија 3:0
Волфсбург – Херта 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот