ВИДЕО | Баерн и во третиот натпревар во 2023 остана без победа

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Eкипата на Баерн Минхен не успеа да го совлада Ајнтрахт Франкфурт во рамките од Бндеслигата (1:1).

Баерн беше во проблеми пред овој натпревар и против Ајнтрахт имаа императив од победа, но не успеаа да слави. Одигра Баерн одлично прво полувреме во кое создаваше шанси, а една од нив искористи Лерој Сане во 34. минута. Претходно Милер влезе во добра прилика.

Во продолжение Баерн ја имаше топката во свој посед, но Ајнтрахт со играч повеќе играше на контри и во завршницата дојде до изедначување. Коло Муани повлече контра, додаде до Камада, но топката повторно стигна до него по што ја смести во мрежата за 1:1.

Баерн остана на првата позиција, но клубовите зад баварците се поблиску. Унион Берлин заостанува само бод, а Лајпциг два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот