ВИДЕО: Баерн и Лајпциг одиграа дерби од соништата во Минхен!

Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Во најинтересниот натпревар од 10 коло во Бундес лигата ремизираа екипите на Баерн Минхен и Лајпциг (3:3).

Гостите поведоа со голот на Нкунку, а потоа домаќините за период од четири минути направија пресврт со погодоците на Мусиала и Милер.

„Црвените бикови“ не се предаваа, па возвратија на ист начин, пред паузата израмни Клајверт, а на стартот од вториот дел Форсберг стрелаше за 2:3. Конечниот епилог го постави Милер со својот втор гол на мечот во 75 минута по додавањето на Коман.

На табелата во најсилното германско првенство и натаму води баварскиот гигант со 23 бодови, два повеќе од второпласираниот Лајпциг.

Во денешните останати средби од рундата беа постигнати следните резултати: Арминија Билефилд-Мајнц 2:1, Ајнтрахт Франкфурт-Борусија Дортмунд 1:1, Келн-Волфсбург 2:2, Фрајбург-Борусија Менхенгладбах 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот