фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

ВИДЕО | Баерн го совлада Фрајбург, без победник на мечот Лајпциг – Баер Леверкузен

Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Фрајбург со 2:1 на гости во 19. коло од Бундес лигата.

Стрелци за Баерн беа Хари Кејн во 15 минута и Ким Мин Џе во 54 минута. Голот за Фрајбург го постигна Матијас Гинтер во 68 минута.

Баерн е прв на табелата со 48 бодови, а Фрајбург е деветти со 27 бодови. Во следното коло Баерн го пречекува Кил, додека Фрајбург гостува кај Бохум.

Лајпциг и Баер Леверкузен одиграа нерешено 2:2 во Лајпциг. Баер поведе со головите на Патрик Шик во 18 минута и Алес Гарсија во 36 минута, додека Лајпциг израмнија со Давид Раум со гол во 41 минута и Едмонд Тапсоба со автогол во 86 минута.

Баер е втор во генералниот пласман со 42 бода, а Лајпциг е петти со 32 бода. Во следното коло Баер му гостува на Хофенхајм, додека Лајпциг оди кај Унион Берлин.

Во другите натпревари Аугсбург на домашен терен го совлада Хајденхајм со 2:1, Мајнц на домашен терен триумфираше над Штутгарт со 2:0, а Борусија Дортмунд и Вердер Бремен ремизираа 2:2 во Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот